Во која банка „Адора Инженеринг“ вложи 3,55 милиони евра за акции?
Градежната компанија „Адора Инженеринг“ стана најголем поединечен акционер на една од двете најголеми банки во земјава вложувајќи 3,55 милиони евра за акции.
Со трансакција направена на 9 мај, „Адора Инженеринг“ стана дел од акционерската структура на „Комерцијална банка“ , односно плати 219,2 милиони денари или 3,55 милиони евра во акции со право на глас.
„Адора“ во средата докупи 52.189 акции со право на глас и со претходните акции што ги поседуваше стана сопственик на 7,19 отсто од сите акции со право на глас во една од двете најголеми домашни банки.
Најнова вест:
Чифлиганец предложен за член на Надзорниот одбор на Комерцијална банка АД Скопје
Ванчо Чифлиганец и Фатмир Етеми се предложени за членови на Надзорниот одбор на Комерцијална банка АД Скопје соопштија од банката преку Македонска берза.
