Во кој српски град квадрат станбена површина чини 300 евра?
Најевтината нова градба моментално се наоѓа во Бујановац, каде што просечната цена по квадратен метар е само 61.013 динари (малку повеќе од 500 евра). Освен Бујановац, најприфатливи новоизградени квадратни метри може да се најдат во Чуприја со просечна цена од 79.406 динари, Неготин (87.171 динари) и Прокупље (89.280 динари), пишува Блиц.
За оние кои бараат готови, достапни станови, Источна, Јужна и Југозападна Србија се „златен рудник“. Во градови како Заечар, Бор, Неготин, Лесковац и Врање, становите сè уште се нудат по цена под 1.000 евра по квадратен метар.
Посебно внимание привлекува Мајданпек, кој стана вистински феномен на пазарот на недвижности. Во ова рударско гратче, двособен стан од 50 квадратни метри може да се најде по цена од 15.000 до 20.000 евра. Тоа значи дека квадратен метар ве чини помеѓу 300 и 400 евра, што е исклучително поволно, особено ако се земе предвид дека просечната плата на ова место е над 92.000 динари.
Оглас од селото Краишник (општина Сечањ), на само еден час и 40 минути од Белград, покажува дека и во Војводина има можности. Таму, целосно реновиран и наместен стан од 60 квадратни метри се продава за неверојатни 28.000 евра (помалку од 500 евра за квадратен метар), а цената вклучува кујна со апарати, мебел, па дури и три тераси.
foto Wikipedia/Strale07
