Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во кој српски град цената на квадрат чини 5.600 евра?

Во кој српски град цената на квадрат чини 5.600 евра?

Пазарот на недвижности во Република Србија во првата половина од 2025 година вредел 3,8 милијарди евра, што претставува зголемување од 11,9 oтсто во споредба со првата половина од 2024 година, објави Републичкиот геодетски завод.

Бројот на купопродажни договори изнесуваше 60.964, што претставува мало зголемување од 0,5 отсто во споредба со истиот период минатата година. Во овој период, исто така, продолжи умерениот раст на цените на становите со годишна стапка на раст од 5,78 отсто. 

Најголемиот број купопродажни договори е на подрачјето на Основниот суд во Нови Сад.

Просечната цена на стан во стара зграда во Нови Сад во првата половина од оваа година е 2.150, а на нова зграда 2.147, додека максималната цена не надмина 5.560 евра во нова зграда, односно 5.600 евра во стара зграда, покажуваат податоците на Републичкиот геодетски завод.

Вредноста на пазарот на недвижности во Нови Сад е 462,8 милиони евра, пренесува B92.

foto Wikipedia/

Vanja Kovac

Слично

Поврзани вести