Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВО КОЈ СЕКТОР ДА СЕ БАРА РАБОТА? За едно работно место се тепаат по 20 невработени!

ВО КОЈ СЕКТОР ДА СЕ БАРА РАБОТА? За едно работно место се тепаат по 20 невработени!
Во третиот квартал од годинава, според Заводот за статистика, во земјава имало близу седум илјади слободни работни места. Најголем дек од нив се во преработувачката индустрија и во трговијата. Анализирано по региони, најголема потреба од вработени имаат фирмите од Вардарскиот регион. Според најновите податоци пак на Агенцијата за вработување, во моментов на пазарот на труд има потреба од близу 5 800 вработени. Кои професии се најбарани, а во кои дејности има најмногу слободни работни места? Кои занимања се најбарани на пазарот на труд... За едно слободно работно место во конкуренција се 20 невработени, но само од листата на активни баратели на работа. Според податоците на Агенцијата за вработување во моментов на пазарот има 5 796 слободни работни места. Новит податоци за состојбата на пазарот на труд објави и Заводот за статистика, чие мерење покажа дека заклучно со првиот квартал од годинава, во земјава имало 6 973 слободни работни места. Според новото мерење, најмногу слободни работни места имало во преработувачката индустрија 2 533, следува трговијата на големо и на мало со 1 135 слободни работни места, транспорт и складирање 885, градежништво 658, образование 319, дејности на здравствена и социјална заштита 241, објекти за сместување 207 слободни работни места. Најмалку слободни работни места, само пет, има во секторот снабдување со електрична енергија, потоа во рударството 20 и во финансиските дејности 73 слободни работни места. Како бизнисмените ја објаснуваат состојбата во која од една страна, илјадници луѓе се без работа, а од друга страна – одредени сектори располагаат со стотици слободни работни места?
“Одговорот, според мене треба да се бара на два пункта. Прво, од каков вид на кадар имаат потреба компаниите и второ, каков вид на работна сила се нуди на пазарот. Така, сега веќе се соочувме со потреба од висококвалификувана работна сила која ќе може да управува со ИТ технолошките процеси во градежништвото, земјоделството, телекомуникациите. Прашање е колку и дали невработените можат да  одговорат на новите трендови“ – изјави за “Фактор“ Миле Бошков, претседател на Организацијата на работодавачи.
Според големината на компaнијата, истражувањето на Заводот за статистика покажува дека најголем број, или 2 278 слободни работни места има во фирмите со 10 до 49 вработени, следуваваат компаниите со 50 до 249 вработни, во кои има 2 060 слободни работни места, потоа фирмите со 3 до 9 вработени кои нудат вработување за 1 347 и на крајот се големите фирми во кои има работа за 1 289 нововработени. Еве кои занимања имаат недостаток на кадар:
  • Работници во услужни дејности и продажба 1 871
  • Ракувачи и составувачи на машини и постројки 1 316
  • Елементарни занимања 1 062
  • Техничари и сродни занимања 773
  • Занимања за неиндустрискиа работа 729
  • Стручњаци и научници 562
  • Службеници 413
  • Воени занимања 173
  • Функционери, службеници, дипломати, директори 38
  • Стручни работници во земјоделството 35
И државната Агенција за вработување ја објави и новата, октомвриска листа на најбарани занимања на пазарот на труд. Еве колку лица и од кои занимања, според анализите на агенцијата, се најбарани:
  • Продавач 600
  • Шивач 421
  • Келнер 384
  • Работник на утовар/истовар 257
  • Магационер 198
  • Шивач 156
Најмала побарувачка за 60 лица, има за занимањето одделенски наставник и 97 за администратор. И според Аганцијата за вработеување, најмногу слободни работни емста во октомври имало во пререаботувачката индустрија, трговијата Можности за вработување со државна помош ... Во моментов, според податоците на Агенцијата за вработување, активни се неколку програми преку кои државата нуди субвенции за вработувања и самовработувања. Еве дел од програмите што се уште се активни: -Кредитирање на фирми за отворање на слободни работни места за невработени и за лица до 29 години. -Кредит за самовработување во земјоделство, трговија, преработувачка индустрија, услужни дејности -Кредитирање на млади лица до 29 години. -Субвениционирање на вработувања за деца без родители Од Агенцијата за вработување велат дека програмите и мерките за вработување што се имплементираат согласно годишните оператвивни планови за активни програми и мерки за вработување , генерално се поделени во две групи.
“Прво, тоа се програми, односно мерки кои водат до вработување и имаат за цел намалување на невработеноста преку започнување на сопствени бизниси и отворање на нови работни места како и стимулирање на побарувачката на работна сила на пазарот на трудот. Тука спаѓаат: програмата за самовработување, програмата за поддршка за формализација на постојни бизниси, програмата за поддршка за дополнителни вработувања и субвенционирање на вработување. Втро, активни се и програмите за подготовка за вработување кои имаат за цел стекнување и дополнување на знаењата и вештините на невработените лица заради зголемување на нивната вработливост и конкутентност на пазарот на трудот. “ - вели директорот на Аганцијата за вработување Влатко Поповски.
Според податоците на Агенцијата за вработување, во октомври активно работа барале 120 741 лице, додека на листата неактивни баратели на работа имало 102 100 лица. Во однос на истиот период лани податоците покажуваат раст на бројот на активни баратели на работа, додека кај неактивните се забележува тренд на намалување. А.Д.
Слично

Поврзани вести