Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во кој регион во декември најмногу се градело?

Во кој регион во декември најмногу се градело?

Според податоците на Државниот завод за статистика во декември 2018 година се издадени 292 одобренија за  градење, што е за 13.6 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година. 

Во југозападниот дел на Македонија најмногу се градело. 

По региони, во Вардарски се издадени 15 одобренија, Источен 53, Југозападен 69, Југоисточен 24, Пелагониски 20, Полошки 30, Североисточен 15, Скопски 66.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 8 519 871 илјада денари,  што е за 392.4 % повeќе во однос на истиот месец од претходната година. 

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 172 (58.9 %) се наменети за објекти од високоградба, 42 (14.4 %)  за објекти од нискоградба и 78 (26.7 %) за објекти за реконструкција. 

Од вкупно 292 објекти, на 185 (63.4 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 107 (36.6 %) објект инвеститори  се деловни субјекти.  Во извештајниот период е предвидена изградба на 331 стан, со вкупна корисна површина од 37 669 м2. 

Слично

Поврзани вести