Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во кој хороскопски знак се крие вашата сродна душа?

Во кој хороскопски знак се крие вашата сродна душа?
Секоја љубовна врска е различна, со свои позитивни и негативни страни, но изгледа кај некои парови работите се одвиваат многу полесно отколку кај други. Станува збор за љубовната компатибилност помеѓу самите знаци. Па, во кои знаци се крие вашата сродна душа? Овен: Водолија, Лав, Близнаци и Стрелец Овенот и Водолијата можат да имаат несогласувања, но помеѓу нив има огромна привлечност. Тие подеднакво ја сакаат независноста, додека проблемите настануваат ако Овенот сака да доминира. Активноста и авантурата ги поврзува со Близнаците, па токму затоа и одлично се надополнуваат. Но, љубомората на Овенот може да создаде проблем. Ексцентричноста, страста како и хуморот се карактеристики кои ги поврзуваат Овенот и Лавот. Нивните караници често служат како предигра, додека бракот им е стабилен. Со Стрелецот можат да развијат огромна љубов, но поради натпреварувачкиот дух мора да научат како да прават компромиси. Бик: Рак, Девица, Јарец и Риби Бикот и Ракот се многу компатибилни, па затоа и уживаат во својата љубов тивко, но постојано. Проблеми скоро и да немаат, сè додека помеѓу нив постои привлечност. Со Девицата до израз им доаѓа романтиката, како и заедничките проекти, но можат да се појават проблеми доколку Бикот загуби интерес. Јарецот и Бикот се скоро совршен пар, бидејќи делат слични вредности. Проблемите настануваат кога се појавува рутина. Биковите се многу различни од Рибите, но тоа ги привлекува, а проблемите се појавуваат кога не комуницираат доволно. Близнаци: Лав, Овен, Водолија и Вага Близнаците и Лавовите доживуваат голема страст, романтика и многу уживања, но можат да се појават несогласувања доколку на Близнакот му досади да го толерира Лавот. Со Овните ги поврзува голема хемија, но може да настане проблем доколку Близнаците не им дозволуваат на Овните да водат. Ако постигнат компромис, тие имаат долга иднина. Со Вагите одлично се согласуваат, овозможувајќи им слобода и поддршка, но работите нема да бидат толку добри доколку настане губење на довербата. Водолијата ги привлекува поради својата спонтаност. И покрај тоа што сексот им е одличен, тие многу често се караат. Рак: Скорпија, Риби, Бик и Девица Раковите и Биковите одлично се согласуваат и имаат шанси за долготраен однос исполнет со многу љубов. Нивната врска може да биде загрозена доколку настане неверство. Со Скорпијата одлично се надополнуваат, но можат да настанат проблеми доколку Ракот е премногу чувствителен и врзан, а Скорпијата груба. Девиците им овозможуваат емоционална сигурност и голема љубов, но треба да внимаваат на тој начин да не го изгубат сопственото „јас“. Со Рибите имаат многу турбуленции, но ако ги надминат караниците помеѓу нив ќе се развие голема страст. Лав: Овен, Близнаци, Стрелец и Вага Лавовите и Овните се поврзани преку ексцентричноста и страста, како и хуморот. Нивните караници им се како предигра, додека бракот им е стабилен. Со Близнаците доживуваат голема страст, романса и уживање, но проблемите се појавуваат ако тие престанат да ги толерираат. Со Вагата имаат комплициран однос, но истовремено и многу страстен и забавен, кој не може да трае доколку постои љубомора од двете страни. Во односот со Стрелецот тие се поврзани со почитување и лојалност, па затоа и имаат големи шанси за стабилен брак. Девица: Бик, Јарец, Скорпија и Рак Девиците и Биковите се поврзани со практичност, романтика и животен стил. Проблемите можат да се појават доколку Бикот изгуби интерес поради перфекционизмот на Девицата. Со Јарецот имаат можност за идеална врска, со стабилен и исполнет однос доколку не се обидуваат постојано да доминираат еден врз друг. Со Раковите можат да доживеат голема емоционална сигурност и љубов, но треба да внимаваат да не го изгубат сопственото „јас“. Со Скорпијата имаат необјаснива поврзаност, но можат да се појават несогласувања доколку Девицата не пристанува на компромиси.
Слично

Поврзани вести