Во кој град во јужна Србија платите се највисоки?
Највисоки просечни плати на југот од Србија во мај оваа година, според податоците на Републичкиот завод за статистика, имале жителите на нишката општина Медијана и градот Ниш, пренесува Нова.рс.
Просечната нето плата во областа Медијана била 116.690 динари, а на подрачјето на целиот град 103.495 динари.
Освен Медијана и Ниш, во ниедна друга општина во Нишавскиот округ нето заработката не надминала 100.000 динари во мај, додека заработка помала од 80.000 е забележана во Гаџин Хан 77.446 динари, во Дољевац 79.816 динари, Мерошина 78.024 динари, Ражње 79.310 динари и во Сврљиг 78.274 динари.
Официјалната статистика покажува дека просечната нето плата во Србија во мај изнесувала 107.705 динари.
Жителите на белградската општина Стари Град имале највисоки просечни нето плати, 181.838 динари, а најниски, жителите на Прешево, 73.521 динари.
