Во кој европски град киријата се плаќа со помалку од третина од платата?
Во Женева киријата се плаќа со помалку од третина од платата, додека во Лисабон киријата е за 16 проценти повисока од платата.
„Еуроњуз бизнис“ објави анализа на најновиот глобален извештај „Мапирање на светските цени“, кој ги споредува нето месечните плати и кириите во 69 града низ целиот свет, вклучувајќи 28 европски метрополи.
Во Лисабон, просечната плата не ја покрива киријата за 16 проценти, а во Истанбул за еден процент. Ситуацијата е сериозна и во Лондон, каде што 75 проценти од платата одат за кирија, како и во Барселона и Мадрид (74 отсто), Милано (71 отсто), Рим (65 отсто), Даблин (62 отсто), Атина (57 отсто), Варшава (56 отсто), Прага (54 отсто) и Будимпешта (52 отсто). Единствен европски град со сооднос кирија-плата под 30 отсто е Женева, а следуваат Луксембург и Франкфурт со 34 отсто, Цирих и Хелсинки со 35 отсто и Виена со 38 отсто.
Кириите за еднособни станови во градските центри варираат. Во Европа, Лондон води со 2.732 евра месечно, додека најниската кирија е во Атина (595 евра). Во Цирих, Даблин, Амстердам и во Женева кириите надминуваат 2.000 евра, додека во Истанбул и во Будимпешта се под 900 евра.
Годинава во Европа највисоки плати се регистрирани во Женева и во Цирих – над 7.000 евра. На дното се Истанбул (855 евра) и Атина (1.044 евра).
foto Wikipedia/Sdnegel
