Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во кој европски град кириите за пет години поскапеа за само 3 отсто?

Во кој европски град кириите за пет години поскапеа за само 3 отсто?

За пет години кириите во Европа поскапеа за 12,5 отсто. Најмал раст на кириите во последниве пет години е регистриран во Хелсинки од само три отсто.

Податоците на Европската статистичка агенција – Евростат покажуваат дека кириите за изнајмување станови и куќи во Европа во периодот јуни 2020 – јуни 2025 просечно пораснале за 12,5 отсто, но според извештај на германската „Дојче Банк“ тој раст во градските центри бил значително поголем од овој просек.

Во извештајот на „Дојче Банк“, во кој се анализирани кириите во 67 градови низ целиот свет, од кои 28 во Европа, се наведува дека во периодот помеѓу 2020 и 2025 година, генерално, најголем процентуален раст на станарините се бележи во градските центри во Јужна и Источна Европа.

Така, кириите најмногу пораснале во Истанбул за 206 отсто, по што следуваат Лисабон со 81 и Прага со 73 проценти. Единствен европски град каде кириите пораснала за над 70 отсто, а кој не се наоѓа во Јужна или Источна Европа, е шкотскиот Единбург каде во последните пет години станарините се зголемиле за 71 процент.

По ова следуваат Барселона со раст на кириите од 65 отсто, Мадрид со 59 проценти и Атина и Варшава со зголемување од нешто над 50 проценти.

foto Wikipedia/Tuomas Vitikainen 

Слично

Поврзани вести