Во кој дел на Македонија наврна најмногу дожд?
До 8 часот утрoво најмногу дожд наврна во Битола и тоа 26 литри на метар квадратен.
Во Претор наврнале 20 литри на метар квадратен, во Лазарополе и Маврово 13, Прилеп и Крушево 11, Охрид 10, Тополчани, 9, Дебар и Ѓуриште 7, Пожаране и во Скопје – Петровец 6, Тетово и Демир Капија 5, Куманово 4, Штип 3, во Скопје на Зајчев Рид, Виница и Дојран 2. Според податоците на УХМР, најмалку дожд наврнал во Струмица, Гевгелија, Берово. Во овие места наврна само еден литар дожд на метар квадратен.
До крајот на денот ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, а облачноста делумно ќе се намалува. Попладне и во вечерните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
Максималната температура ќе се движи од 21 до 27 степени. Во Скопје ќе биде облачно со повремен дожд со послаб интензитет, а околу пладне ќе има делумно разведрување. Попладне и во Скопската котлина ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен, а кон крајот на денот од северозападен правец. Максималната температура ќе достигне до 24 степени.
Утре на места се очекува пороен дожд и локална појава на грмежи. Минималната температура ќе се движи од 10 до 17, а максималната од 22 до 28 степени.
