Во кои земји робовски се работи?
Во 60 проценти од земјите има висок ризик од робовска работа во производството, покажува глобалниот извештај објавен денеска, а на самиот врв е Северна Кореја.
Според проценките на трговија со луѓе, ропство, национални закони и спроведување на тие закони, од анализа на 198 земји се покажало дека во 115 има голем ризик од робовска работа.
„Малку од земјите во светот се имуни на модерно ропство“ - вели Алек Чанер, аналитичар во Verisk Maplecroft.
Во светот 46 милиони луѓе живеат како робови. Тие се принудени да работат во фабрика, во рудници или на ниви.
По Северна Кореја, следи Јужен Судан, Конго, а големите производители како Индија и Кина исто имаат ризик од робовска работа. Слично е во Конго и Брегот на Слоновата коска каде има робовска работа.
Во Европската унија овој ризик е умерен, а Велика Британија, Германија, Данска и Финска се земји каде има низок ризик од робовска работа.
