Во кои земји постарите работници најмногу придонесуваат за економијата?
Швеѓаните докажаа дека постарите работници придонесуваат за економијата на земјата.
Индекс златни години истражуваше колку се застапени работниците постари од 55 години во 34 земји.
Се очекува дека во многу земји населението ќе старее, и добро би било овие земји да ги искористат постарите работници за зголемување на БДП и даночните приходи.
Скандинавските земји се на самиот врв по искористеност на постари работници. Тука предничи Шведска, а зад неа се Норвешка, Данска, Финска.
Израел, Германија и Нов Зеланд по 2003 година имаат голем број на вработени луѓе во поодминати години.
Грција и Турција имаат обратен пример и кај нив бројот на стари работници опаѓа.
Велика Британија во поглед на постари работници добро котира во однос на другите европски земји.
Експерти советуваат дека на пазарот на труд треба да се вклучат луѓе од различна возраст за да се искористи искуството кое го имаат постарите кадри.
