Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во кои земји е поевтино патување со авион отколку со воз?

Во кои земји е поевтино патување со авион отколку со воз?

Четири земји во Европа имаат пониска просечна цена на летовите од просечната цена за патување со воз.

Најскапиот превоз е во Швајцарија со просечна цена од 37.17 евра на 100 км. Летовите се со просечна цена од 29.73 евра на 100 километри, а возовите – 47.44 евра на 100 км. Просечната цена на патување со авион во Франција е 14.74 евра/100 км, а просечните трошоци за движење со железнички транспорт е 17.59 евра/100 км.

Шпанија е на 13-тото место меѓу земјите со највисоки вкупни трошоци за транспорт, има просечна цена од 12 евра на 100 километри за летови, додека транспортот со возовите во просек чини 13.74 евра на 100 км. На крај, цените на летовите во Португалија во просек се 8,01 евра/100 км, во споредба со цените на возовите кои се просечно 8.13 евра/100 км.

GoEuro“, платформата за резервации на патувања со различни видови на транспорт во Европа, ги соопшти резултатите од нејзиниот „Transport Price Index“ за 2016-та година. Тој ја одредува средната цена на авионски, железнички и автобуски патувања во различни европски градови. Индексот работи врз основа на анализа на цените на милиони продадени билети во „GoEuro“ во последната година.

Слично

Поврзани вести