ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во кои шест европски земји просечниот работен век е 40 години?

Во кои шест европски земји просечниот работен век е 40 години?

Во шест земји во Европската Унија(ЕУ), просечната должина на работниот век била 40 години или подолго. Во оваа група се: Холандија (43,8 години), Шведска (43), Данска (42,5), Естонија (41,4), Ирска (40,4) и Германија (40,0).

Најкраткиот работен век е забележан во Романија (32,7 години), Италија (32,8) и Хрватска, Грција и Бугарија (по 34,8 години).

За мажите, просечниот работен век бил 39,2 години во ЕУ, при што најдолгото траење е забележано во Холандија (45,7 години), Данска (44,2) и Шведска (40 години), а најкратко во Романија (35,9), Хрватска и Бугарија (по 36 години).

За жените, просечното времетраење на работниот век во ЕУ е 35 години, при што најдолго траење е забележано во Естонија (42,2), по што следат Шведска (42) и Холандија (41,8). Најкратко траење е забележано во Италија (28,2), Романија (29,2) и Грција (31,1).

foto freepik.com

ad
Слично

Поврзани вести