Во кои сектори во ЕУ има најмногу банкроти?
Во Европската Унија, во четвртиот квартал од 2025 година, бројот на новоосновани компании се зголемил за 0,5 проценти во споредба со третиот квартал, но во исто време, бројот на банкроти се зголемил за 2,5 проценти, покажуваат податоците на Евростат.
Растот на банкротите во Европската Унија е забележан на квартална основа во шест од осум економски сектори.
Највисок раст е забележан во секторот за сместување и угостителство, каде што бројот на банкроти е зголемен за 8,6 проценти, потоа во информатичко-комуникацискиот сектор со раст од 7,9 проценти, како и во транспортот, каде што бројот на банкроти е зголемен за 5,6 проценти.
Намалување на бројот на банкроти е забележано во трговијата, каде што е намален за 3,4 проценти во споредба со претходниот квартал, како и во финансискиот сектор, каде што е забележано намалување од 0,7 проценти, според веб-страницата на Евростат.
Севкупно, зголемување на регистрациите на нови компании е забележано во пет од осумте главни сектори на економијата.
Највисок квартален раст на бројот на нови компании е забележан во информатичко-комуникацискиот сектор, каде што бројот на регистрации е зголемен за 6,4 проценти, по што следуваат индустријата со раст од 4,9 проценти и секторот за сместување и угостителство за 1,3 проценти.
Спротивно на тоа, мало намалување на регистрациите е забележано во трговијата, каде што бројот на нови фирми е намален за 0,3 проценти, додека градежништвото и транспортот забележаа намалување од по 0,1 процент.
