Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во кои општини има највеќе спорни гласачи?

Во кои општини има највеќе спорни гласачи?

Нешто повеќе од 17.000 сомнителни гласачи ќе бидат проверувани во општините Чаир, Бутел и Шуто Оризари.

Над 11.000 спорни гласачи има во општините Куманово и Липково, а речиси 7.000 во Центар и Аеродром, во Карпош и Тетово над 6.000, а скоро 4.000 има во Битола.

Во Велес, Штип и Прилеп има над 2000 сомнителни гласачи,  во Струга нешто помалку од 2000,  исто е и во Охрид и Дебрца каде има  1.853 спорни гласачи,  во Струмица - 1.397, во Кичево - 1.359, Гевгелија е со  1.263 спорни гласачи,  Пробиштип има 1.180, Кочани е со  1.158, општините Кавадарци и Росоман имаат 1.157, Ресен  890, Дебар и Центар Жупа - 832, Радовиш - 557, Крива Паланка - 512, Делчево - 421, а другите се со помал број на спорни избирачи. Последни на листата се Берово со  118 и Македонски Брод со  101 спорен гласач.

На вчерашната седница, ДИК изгласа на веб-страницата да бидат објавени имињата на лицата кои ќе бидат опфатени со теренската проверка поради поголема транспарентност.

Теренската проверка што вчера ДИК ја започна со 488 анкетари се одвива без проблеми.  Таа ќе заврши на 3 април.

Слично

Поврзани вести