Во кои европски земји земјоделските производи најмногу поевтинија?
Земјоделските производи поевтиниле во четвртиот квартал од минатата година во 15 земји од Европската Унија, објави Евростат.
Највисока стапка на поевтинување е забележана во Белгија, каде што изнесувала 12,9 проценти во споредба со четвртиот квартал од 2024 година, по што следат Литванија (8,2 проценти) и Германија (6 проценти). Спротивно на тоа, цените се зголемиле во другите 12 земји од ЕУ, највисоко во Ирска (6,8 проценти), Словенија (5,6) и Малта (4,2). Што се однесува до просечната цена на инпутите што не се поврзани со инвестиции, пад имало во 11 земји од ЕУ, со највисоки стапки во Кипар (2,6 проценти), Белгија (2,1) и Шведска (2,0). Во останатите земји од ЕУ имало раст, највисок во Литванија (4,2 проценти), Ирска (3,3) и Романија (2,5).
