Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во кои европски земји струјата и гасот се најевтини?

Во кои европски земји струјата и гасот се најевтини?

Најниски цени на струјата во Европската Унија(ЕУ) се регистрирани во Унгарија, каде што домаќинствата плаќале 10 евра за 100 киловат-часови, потоа во Малта со 12 евра и Бугарија со 13 евра. 

Најевтин природен гас плаќале домаќинствата во Унгарија, каде што цената изнесувала три евра за 100 киловат-часови, пред Хрватска со пет евра и Романија со шест евра.

Германците плаќаат најскапа струја, а Швеѓаните најскап гас. 

Германските домаќинства плаќале најскапо за електрична енергија во Европската Унија(ЕУ) во првата половина од 2025 година, додека природниот гас бил најскап во Шведска. Ова е покажуваат најновите податоци на Евростат.

Просечната цена на електричната енергија за домаќинствата, со вклучени даноци и давачки била 38 евра за 100 киловат-часови во Германија. Понатаму, следуваат Белгија со 36 евра и Данска со 35 евра.

Ако се споредат деловните потрошувачи, највисоката цена на електричната енергија е забележана во Ирска, а најниската во Финска.

За природниот гас, Шведска е земјата со највисока цена за домаќинствата – 21 евро за 100 киловат-часови. По неа следуваат Холандија со 16 евра и Данска со 13 евра.

Слично

Поврзани вести