Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Млекото поскапе во повеќето европски држави. 

Цените на земјоделските производи во Европската Унија(EУ) се зголемија за три проценти. Просечните цени на стоките и услугите што се користат во земјоделството исто така се зголемија, но во помала мера.

Најголем раст е забележан кај живиот добиток, за 26 проценти на годишно ниво, како и кај јајцата за 23 проценти, додека умерено зголемување на цените е регистрирано кај овошјето и млекото, за по 10 проценти, како и кај живината за девет проценти, објави Евростат.

Оваа година, цените на млекото се зголемија на годишно ниво во сите земји од ЕУ освен во Грција, каде што се намалија за три проценти.

Највисок годишен пораст на цената на млекото е забележан во Данска, за 21 процент, Естонија за 20 проценти, како и во Литванија и Чешка, за по 17 проценти.

Спротивно на тоа, цената на маслиновото масло се намали за дури 37 проценти на годишно ниво, а на компирите, вклучувајќи го и семенскиот компир, за 22 проценти, додека цените на живите свињи се намалија умерено за шест проценти, а на житарките за еден процент.

Просечните цени на стоките и услугите што се користат во земјоделството (влезни материјали) исто така се зголемија, но во помала мера, за помалку од еден процент, според веб-страницата на Евростат.

Цените на ѓубривата и подобрувачите на почвата се зголемија за пет проценти, ветеринарните трошоци за три проценти, додека цените на лубрикантите за земјоделство се намалија за два проценти, како и семето, садниот материјал и производите за заштита на растенијата, за по еден процент, пренесува Танјуг.

foto freepik.com

Слично

Поврзани вести