Во кои европски земји мнозинството од младите нашле работа по струка?
Во Европската Унија(ЕУ), најдобри резултати во усогласувањето на образованието и вработувањето имаат Латвија 76,5 отсто, Литванија 76,1 отсто и Германија 75,2 отсто.
За разлика од нив, најлоша е ситуацијата во Италија каде што усогласувањето е 41,6 отсто, а зад неа се Словачка со 46,2 отсто и Данска со 47,1 отсто.
Само 56,4 oтсто од младите луѓе во Европската Унија(ЕУ) на возраст меѓу 15 и 34 години работат на работно место кое е високо или многу високо компатибилно со нивното образование, а здравствениот и ИТ секторите им нудат најдобра шанса за професионална работа, покажуваат податоците на Евростат објавени денеска.
Меѓу младите луѓе со средно образование, 46,1 отсто работат во професијата, додека тој удел кај оние со високо образование достигнува 68,1 отсто.
Највисок степен на усогласеност е забележан во секторот за здравство и социјална заштита, каде што дури 80,6 отсто од оние со високо образование работат на работно место директно поврзано со нивната професија.
