Во кои европски земји лицата со попреченост се најсиромашни?
Според Еуростат, лицата со попреченост во Балканот и Балтикот се соочуваат со најголема сиромаштија во Европската Унија(ЕУ).
Секое четврто лице со попреченост во ЕУ живее во сиромаштија. Балканските и балтичките земји се најтешко погодени, со ограничен пристап до образование, вработување и социјални услуги.
Ситуацијата е најтешка во Грција (75,5 отсто) и Бугарија (52 отсто), каде повеќе од половина од лицата со попреченост живеат во домаќинства што „тешко врзуваат крај со крај“.
Во Хрватска и балтичките држави (Летонија, Литванија, Естонија), и покрај постоењето на социјални бенефиции, стапката на ризик од сиромаштија за оваа група останува над 30 отсто, што е значително повисоко од европскиот просек.
foto freepik.com
