Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Кочани ќе штедат струја со замена на јавното осветлување

Во Кочани ќе штедат струја со замена на јавното осветлување

Општините Кочани, Зрновци и Чешиново-Облешево ќе штедат електрична енергија од јавното осветлување.

По пат на јавно-приватно партнерство менувањето на уличните светилки во Кочани е во полн ек. Ќе се менуваат 4.000 живини светилки со штедливи со што се очекува заштеда на енергија од 80 проценти и заштеда на општината од над 8 милиони денари.Притоа потрошувачката на електрична енергија од сегашните 2.150.000 киловат часови годишно ќе се намали на 770.000 киловат часови.

- Во реализацијата на овој проект веќе е направена анализа и сме во фаза на тендерска постапка за избор на поволен изведувач и замената на уличните светилки со штедливи ке се одвива етапно, истакнува Костадин личков, градоначалник на Општина Чешиново-Облешево.

Општина Зрновци направи замена на сите обични со штедливи светилки во трите населени места Зрновци, Мородвис и Видвиште, со што ја намали јавната потрошувачка на електричлната енергија за дури 60 проценти.

Слично

Поврзани вести