ВО КЛУБОТ НА НАЈМОЌНИТЕ: Јуанот станува валута на меѓународните резерви на ММФ
Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) соопшти дека кинескиот јуан ќе влезе во „кошницата“ на водечките светски валути. Тоа значи дека официјално ќе стане валута на „резерва“ на оваа светска организација.
ММФ објави дека јуанот „ги исполнил сите постоечки критериуми“ да им се придружи на американскиот долар, еврото, јапонскиот јен и британската фунта, како една од валутите кои се користат за посебно право на влечење на таа глобална институција, која нејзините 188 земји членки ја користат како стандард во меѓународната трговија.
Шефицата на ММФ Кристин Легард, која пред предлагањето на тој потег, оценила дека овој потег ќе доведе до финансиски систем кој ќе биде потпора на раст и стабилност на Кина и глобалната економија.
Уделот на поедини валути во „кошницата“ се одредува сппоред релативна важност на таа валута во меѓународното тргување и финансии. Тој однос го одредува ММФ секои пет години.
Кина е втората најголема светска економија. Трговците со валути и економисти велат дека овој потег треба да ја поттикне владата во Пекинг да го исполни ветувањето за „слободна трговија“ на јуанот и отворање на својот финансиски систем.
Одлуката на ММФ стапува на сила во октомври 2016 година.
