Во Кичево ќе никне фабрика за производство на вода и безалкохолни пијалоци
Кичевскиот бизнисмен Мафаил Ибишки и Министреството за економија вчера попладне потпишаа договор за концесија за изградба на фабрика за преработка на вода и производство на безалкохолни пијалоци.
Фабриката ќе се гради во месноста Бигор во близина на Кичево, а нејзин инвеститор е фирмата на горе споменатиот бизнисмен Уска-Гара
Првично во фабриката ќе треба да се вработат 50 луѓе со можност за зголемување на нивниот број.
Претставникот на фирмата концесионер Рамазан Ибиши најави дека со почетокот на градежната сезона, ќе започне и изградбата на фабриката. Тој изрази благодарност до градоначалникот на Кичево Фатмир Дехари, како и до Министерството за економија за поддршката за реализација на оваа инвестиција.
Ова е трета инвестиција од кичевски бизнесмени кои се на привремна работа во странство по изградбата на фабрика за изработка на врати и прозорци и фабриката за производство на биогас која се очекува набрзо да почне со работа.
