Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во какви услови работат сезонците кои берат домати во Италија?

Во какви услови работат сезонците кои берат домати во Италија?

Весникот „Авенир" ја раскажува приказната за овие „бели робови".

Станува збор за нехумани услови во „бугарско гето" на сезонски работници во Јужна Италија. Гетото се наоѓа во Борг Медзаноне, населба со 433 жители, што иако е оддалечена на 28 километри од општинскиот центар, се води како дел од општината.  Жителите на „бугарското гето" се Роми од Сливен, кои секоја година берат домати и се сурово експлоатирани од локалните газди.

„Колиба за 800 луѓе кои работат како сезонски работници на полето по 10 часа на ден за 25 евра. Тоа е вистинска „фавела"(бразилски кварт од бараки) без елементарни услови како вода за пиење. Тука половина од жителите се деца - малолетни кои живеат во целосно очајна состојба на социјално-здравствена деградација "-  се вели во извештајот.

Тие работат на „црно“, а со заработените пари си обезбедуваат егзистенција за остатокот од годината во татковината.

„Работам од 4 часот наутро,  на сонце сум. Берам домати и ми даваат по 25 евра на ден. Транспортот со комерцијално возило до нивите чини 5 евра на ден. Освен тоа се плаќа за храната и водата“ - раскажува 50 годишен жител  на Сливен.

За 10 часа еден работник треба да наполни најмалку 330 гајби со домати.

Слично

Поврзани вести