Во кабаници Заев и Шеќеринска протестираат со „Шарена револуција“
Лидерот на СДСМ, Зоран Заев и потпретседателката Радмила Шеќеринска вечерва со кабаници се појавија на протестот на „Шарената ревлуција“, кој е против барок за ГТЦ.
Демонстрантите во 19 часот тргнаа од пред СЈО. Тие се обидоа да дојдат до зградата на Уставниот суд, но полицијата на мостот „Гоце Делчев" ги запре и имаше мали турканици.
Освен учесници во „Шарената револуција“, организатори на вечерашниот протест се и граѓанското движење „Го сакам ГТЦ“, кои се против барок на Градскиот трговски центар.
Мотото на овој протест е „Правдата е Устав, СЈО е правда!!!“. Се протестираше под чадори поради врнежливото време.
Слично
