Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Јужна Африка е убиен убиецот на Аркан

Во Јужна Африка е убиен убиецот на Аркан

Милан Ѓуриќиќ од Лозница, кој е осуден на 30 години затвор поради убиството на Жељко Ражнатовиќ Аркан и двајца негови пријатели во хотелот Интерконтинентал, на 15 јануари 2000 година, е убиен во Јужна Африка, објави српски Курир.

Во српското МВР засега нема официјална потврда за убиството на Ѓуриќиќ, но српската полиција преку канали во Интерпол и меѓународната полициска соработка ќе се обидат да ги проверат информациите.

Бидејќи Ѓуриќиќ е во бегство од октомври 2006 година, постапката против него е застарена, па судот ја повлече потерницата.

35 годишниот Добросав Гавриќ, кој е осуден на 35 години затвор поради убиството на Аркан и двајца негови пријатели Миленко Мандиќ Манда и Драган Гариќ Гаре и понатаму се во куќен притвор во Јужна Африка.

Слично

Поврзани вести