Во јужна Србија 22 млади почнуваат свој бизнис
Вкупно 22 млади од 14 општини во Србија ќе почнат свој бизнис со помош од ЕУ и Швајцарската влада.
За нив преку проектот Европски прогрес се обезбедени 183.307 евра за поттикнување на претприемаштвото кај младите.
Младите ќе се занимаваат со информатичка технологија, дизајн, производство на облека, преработка на овошје и зеленчук и за тоа ќе добијат опрема за да почнат со работа.
„Почнување на сопствен бизнис ми беше цел откако завршив со школување, а намерата ми беше во оваа креативна работа да вклучам и други луѓе од градот“ - вели Никола Цветковиќ од Врање кој ќе отвори фирма за штампање на текстил.
Надлежните во програмата велат дека на младите не им фалат идеи, но тие ќе им помогнат за маркетинг, бизнис управување, планирање и слично.
