Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во јуни се градело повеќе од лани, каде се градело највеќе?

Во јуни се градело повеќе од лани, каде се градело највеќе?

Во јуни се издадени повеќе дозволи за градба што укажува на тоа дека повеќе се градело за разлика од истиот месец лани.

Податоците на Државниот завод за статистика говорат дека во јуни 2016 се издадени 274 одобренија за градење  што е за 47.3% повеќе споредбено со истиот месец од претходната година. Најмногу како и во претходниот период се гради во скопско.

Во вардарски регион се издадени 25 одобренија, источен 19, југозападен 33, југоисточен 14, пелагониски 28, полошки 25, североисточен 14, и скопски 116.

Предвидената вредност на објектите изнесува 4 405 372 илјади денари што е за 52.9% повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 174 (63.5%) се наменети за објекти од високоградба, 30 (10.9%) за објекти од нискоградба и 70 (25.6%) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 274 објекти, на 169 (61.7%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 105 (38.3%) објекти  инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 857 станови со вкупна корисна површина од 63 032 квадрати.

Слично

Поврзани вести