Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВО ЈУНИ РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА ПРЕДЈАДЕЊАТА, ГОТОВИТЕ ЈАДЕЊА, ПЕЧЕНОТО МЕСО И ЈАДЕЊАТА ПО ПОРАЧКА: Угостителските услуги се покачиле кај храната, алкохолот и безалкохолните пијалоци

ВО ЈУНИ РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА ПРЕДЈАДЕЊАТА, ГОТОВИТЕ ЈАДЕЊА, ПЕЧЕНОТО МЕСО И ЈАДЕЊАТА ПО ПОРАЧКА: Угостителските услуги се покачиле кај храната, алкохолот и безалкохолните пијалоци

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во јуни 2023 година, во споредба со мај 2023 година, е зголемен за 0.3 %. Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групите Храна за 0.2 %, Алкохолни пијалаци за 1.0 % и Безалкохолни пијалаци за 0.5 %.

Индексот на цените на угостителските услуги во јуни 2023 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 12.2 %.

Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – јуни 2023 година, во однос на истиот период од минатата година, е зголемен за 13.3 %, a во однос на декември 2022 година е зголемен за 2.8 %.


Ф.Р.

Слично

Поврзани вести