Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВО ЈУНИ ДОШЛЕ НАД 110.000 ТУРИСТИ: Турците остануваат најчести гости

ВО ЈУНИ ДОШЛЕ НАД 110.000 ТУРИСТИ: Турците остануваат најчести  гости

И натаму Турците се најбројни туристи во Македонија.  И во јуни најголем број туристи дошле од Турција (33.757), Србија ( 7. 909 ) и од Холандија (4.340). повеќе од 3000 туристи дошле и од Германија, Грција и од Полска, а повеќе од 2.000 туристи се регистрирани од САД, Романија и од Бугарија.

Во јуни годинава, во земјава се регистрирани 119.751 туристи. Од нив 23 отсто се домашни туристи, а 77 отсто се странски туристи.

Туристите реализирале 245.249 ноќевањата во јуни. Од нив  27,6 отсто се од домашните туристи, а 72,4 отсто од странските туристи.

Бројот на ноќевања во првите шест месеци споредено со истиот период лани е зголемен за 9,9 отсто, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 6,3 отсто, а кај странските има зголемување за 11,8 отсто. 

foto freepik.com/nnazarovaphoto

Слично

Поврзани вести