Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во јули најмногу се градело во полошко – кој регион е со најмалку дозволи за градба?

Во јули најмногу се градело во полошко – кој регион е со најмалку дозволи за градба?

Во месец јули годинава најмногу се градело во полошко, а најмалку на североистокот од земјата.

Во вардарски регион се издадени 21 одобрение за градба, во источен регион 3о, југозападен 39, југоисточен 22, пелагонски 8, полошки 72, североисточен 5, скопски 59.

Во јули годинава се издадени 256 одобренија за градење што е за 28.7% помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Ова го покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.  Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 3 462 458 илјади денари што е за 37.9% помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 181 (70.7%) се наменети за објекти од високоградба,  24 (9.4%) за објекти од нискоградба и 51 (19.9%) за објекти за реконструкција. Од вкупно 256 објекти, на 181 (70.7%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 75 (29.3%) објекти  инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 711 станови со вкупна корисна површина од 58 253 м2.

Слично

Поврзани вести