Во Јапонија не давај бакшиш, во Швајцарија не се соблекувај гол: Водич што ќе ви заштеди пари и ќе ве спаси од срам
Планирањето на вашето патување треба да вклучува и познавање на локалните обичаи на дестинацијата каде што одите.
Една стара поговорка вели: „Однесувај се како Римјанин додека си во Рим“. Но, што да правиш кога си во Токио, Цирих или Јамајка?
Издавачката куќа Lonely Planet објави нов водич под провокативниот наслов „Не планинари гол во Швајцарија“, кој ги демистифицира непишаните правила за патување низ светот.
Женски магазин ги пренесува клучните лекции што секој патник, од дигитален номад до корпоративен лидер, треба да ги совлада пред следното лето.
Швајцарија: Држете ја облеката на себе
Насловот на водичот за патување не е шега. Откако еден турист поминал гол покрај христијански центар за рехабилитација во кантонот Апенцел во 2011 година, властите официјално го забранија „голото планинарење“. Па, почитувајте го локалниот конзерватизам, дури и во средината на недопрената природа.
Слушалки како знак на култура (и мистерија)
Никој во јавниот превоз не сака да го слуша вашиот избор на музика, вашите TikTok-ови или гласен разговор. „Lonely Planet“ истакнува дека во 2026 година слушалките станале симбол на внимание, но и „превез на мистерија“ што сигнализираат за вашата самодоверба во нова средина.
Дилемата со бакшишот
Давањето бакшиш е лизгава патека на современиот патник, додека во САД очекувајте да дадете бакшиш помеѓу 18% и 25% во рестораните. Додека за Јапонија, давањето пари може да предизвика конфузија или дури и навреда. Наместо пари, Јапонците ќе ценат мал сувенир од вашата земја или љубезно напишана благодарница.
Бонтон на маса
Во Јапонија, покажувањето со стапчињатз кон некого е чин на агресија. Во Кина, никогаш не ги оставајте исправени во чинија со ориз, глетката премногу потсетува на ритуали за мртвите. Ако патувате на Блискиот Исток, Северна Африка или делови од Азија, заборавете да ја користите левата рака кога јадете. За левораките туристи, ова е еден од најтешките предизвици за адаптација.
Продолжува на Женски магазин...