Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во јануари зголемен бројот на странски туристи

Во јануари зголемен бројот на странски туристи

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во јануари 2015 година изнесува 32 806, а бројот на ноќевањата изнесува 65 472.

Бројот на туристите во јануари 2015 година, во однос на јануари 2014 година, е зголемен за 6.4%, а бројот на ноќевањата е зголемен за 0.7%.

Домашните туристи во јануари 2015 година, во однос на јануари 2014 година, помалку патувале и тоа за 1.0%, а бројот на странските туристи е зголемен за 12.9%.

Бројот на ноќевањата на домашните туристи во јануари 2015 година, во однос на јануари 2014 година, е намален за 11.3%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 13.9%.

Бројот на туристите во јануари 2015 година, во однос на претходниот месец, е зголемен за 1.2% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 15.2%, а кај странските има намалување за 7.5%.

Бројот на ноќевањата во јануари 2015 година, во однос на претходниот месец, е зголемен за 1.2% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 9.3%, а кај странските има намалување за 4.8%.

Слично

Поврзани вести