Русија продаде 300.000 унци злато по рекордни цени
Руските златни резерви се намалија во јануари за 300.000 тројски унци, односно за околу девет тони, бидејќи Москва го искористи периодот кога цените на овој скапоцен метал беа на својот максимум, се вели во соопштението објавено денеска од Банката на Русија.
Како што е наведено, Русија сега има 74,5 милиони тројски унци злато, што е приближно 2.320 тони, пренесува Интерфакс.
Парадоксално, вредноста на преостанатите резерви во истиот период се зголеми за 23,3 проценти на 402,7 милијарди долари поради рекордната цена на златото на светскиот пазар, која во јануари во просек изнесуваше околу 4.700 долари за тројска унца.
foto printskrin youtube
Слично
