Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во јануари просечната плата била 28.272 денари

Во јануари просечната плата била 28.272 денари

Пораснале просечните плати во Македонија во однос на лани. Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јануари 2021 година, изнесува 28.272 денари.

Зголемувањето се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Дејности на здравствена и социјална заштита (12.4 отсто), Уметност, забава и рекреација (8.4 отсто) и Информации и комуникации (8.3 отсто). Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, има во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (7.7 отсто), Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (5.9 отсто) и Информации и комуникации (5.4 отсто). Како што објави Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јануари 2021 година, во однос на јануари 2020 година е 102.7.

На врвот се вработените во воздухопловен транспорт, информации и комуникации, програмерите, додека најмалку заработуваат вработените во кожарската индустрија, текстилот, трговијата. 

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во  декември 2020 година во однос на декември 2019 година бил зголемен за 5,4 отсто и изнесувала 28.294 денари.

foto freepik

Слично

Поврзани вести