Во јануари повеќе одобренија за градба од лани - каде најмногу се градело?
Во јануари 2017 се издадени 368 одобренија за градење што е за 39.9% повеќе во однос на истиот месец од претходната година, објави Државниот завод за статистика.
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 5 260 686 илјади денари што е за 69.2% повеќе во однос на истиот месец од претходната година. Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 226 (61.4%) се наменети за објекти од високоградба, 41 (11.1%) за објекти од нискоградба и 101 (27.5%) за објекти за реконструкција. Од вкупно 368 објекти, на 248 (67.4%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 120 (32.6%) објекти инвеститори се деловни субјекти.
Во извештајниот период е предвидена изградба на 503 станови со вкупна корисна површина од 47 421 м2.
Највеќе одобренија се издадени во скопскиот регион и тоа 83.
Во пелагонискиот регион 70, а во полошко 67 одобренија за градба се издадени во наведениот период.
