Во јануари, поскапеле кафаните!
Цените на угостителските услуги во јануари годинава во споредба со декември 2013 се зголемени за 0,2 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.
Податоците покажуваат дека ако се спореди по групи, раст е забележан во групите „храна“ за 0,2 проценти и „безалкохолни пијалаци“ за 0,4 проценти.
Сепак, во јануари годинава споредено со јануари лани, цените на угостителските услуги се намалиле за 0,2 проценти.
Слично
