Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во јануари 2.0% од вработените во Република Македонија не примиле плата

Во јануари 2.0% од вработените во Република Македонија не примиле плата
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јануари 2013 година, во однос на јануари 2012 година, изнесува 101.0. Ваквото зголемување се должи, пред сé, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Рударство и вадење на камен (10.3%), Други услужни дејности (8.8%) и Градежништво (6.9%). Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Информации и комуникации (27.6%), Административни и помошни услужни дејности (7.1%) и Финансиски дејности и дејности на осигурување (3.0%). Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јануари 2013, изнесува 21 185 денари.  Во јануари 2013 година, 2.0% од вработените во Република Македонија не примиле плата.
Слично

Поврзани вести