Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во извештајот на УБК не се спомнува уништување на опрема за прислушкување

Во извештајот на УБК не се спомнува уништување на опрема за прислушкување

Во годишниот извештај на Управата за безбедност и контраразузнавање, нема податок дека е уништена опрема за прислушување во текот на 2015 година.

Пратениците на СДСМ во Комисијата за надзор на работата на УБК и Агенцијата за разузнавање, предложија годишниот извештај за работата на УБК во 2015  година, да биде повлечен од дневниот ред и да биде вратен на доработка. Нивниот предлог не беше прифатен. Претседателот на комисијата, Хари Локвенец рече дека ова е доказ како функционира власта.

„Функционирањето по принципот на аргументите на силата, или во конкретниов случај, на мнозинството. Навиката да се молчи за работењето на службите доведе до политичката криза. Навиките да не се прашува, или ако веќе се прашува да не се добие одговор, се погубни за општествено-политичкиот живот во државата“ - рече тој.

Специјалното јавно обвинителство  пред два дена информираше дека сомничи петорица, меѓу кои началникот на Петтата управа Горан Грујевски и поранешната министерка за вантрешни,  Гордана Јанкулоска, дека во почетокот на 2015 година уништиле опрема за прислушување на УБК и дека дел од осомничените потоа фалсификувале документи за да прикажат дека системот за следење на комуникациите бил застарен.

Слично

Поврзани вести