Економија, финансии, бизнис

Контакт

Груевски за Илинден: Остри пораки до ЕУ, понуда за дијалог до опозицијата

Груевски за Илинден: Остри пораки до ЕУ, понуда за дијалог до опозицијата
„Ние сме Македонци и зборуваме македонски јазик имаме наша автенитчна македонска култура и немаме никакви претензии кон Грција или кој било друг наш сосед, ниту сакаме да наштетиме некому. Сакаме мир, слобода, просперитет на нашите граѓани. Сакаме правда!“, истакна премиерот Никола Груевски од одбележувањето на Илинден во Меморијалниот центар во Пелинце, реплика на собата во манастирот Прохор Пчински, каде што се одржа Првото заседание на АСНОМ. Груевски нагласи дека „проблемот на Македонија не е само наш проблем туку е европски проблем“. „Ако некој мисли дека со игнорирање на овој проблем ќе создаде решение, длабоко се лаже. Игнорирањето само го помага проблемот да се зголемува и продлабочува. Европа не смее интересот да го става над принципите и вредностите. Така само ги потхранува скептиците“, рече тој, додавајќи дека време е Европа да погледне со поголемо внимание кон нас. „Ние имаме јасна стратешка цел - членство со ЕУ и НАТО. Ние сме подготвени за разговори и за изнаоѓање на решение, но трагично е што никој не може да ги убеди нашите соговорници да седнат на маса со нас. Најлесно е очигледно да се купува време. Ние мора да се бориме за нашите правдини, тоа очигледно е нашата судбина како народ“, рече Груевски. Тој упати порака од опозицијата. „Немојте да им давате аргументи на сите оние кои ги бараат за да ни направат штета. Сакате да поставите барања? Во ред. Поставете разумни барања и јас ветувам дека како гарнитура сме спремни разумните барања да ги прифатиме“, им порача Груевски на политичките опоненти. Од илинденската прослава во Пелинце Груевски упати порака и за меѓуетнички соживот и единство. „Сакам да упатам порака до сите оние кои ги ставаат на тест меѓуетничките односи. Ова не е 2001, ниту може да биде. Ајде заеднички да покажеме дека можеме да живееме сложно. Ние нема да дозволиме ситни провокатори , кои многу добро ги знаеме да потпалуваат“, нагласи Груевски. Од утрово започна одбележувањето на најголемиот државен празник на Македонија – Илинден. На овој ден Македонија одбележува 111 години од Илинденското востание и 70 години од Првото заседание на АСНОМ. Денот на Републиката оваа година се одбележува под мотото „Од сон до Сонце”.
Слично

Поврзани вести