Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Изола почина застреланиот лекар

Во Изола почина застреланиот лекар

Синоќа почина лекарот кој беше ранет во нападот во општата болница во словенечкиот град Изола.

Тој стана трета жртва на нападот, по полицаецот кој беше убиен во самата болница и напаѓачот кого го уби полицијата во обидот да избега со автомобил, пренесуваат словенечките медиуми.

Напаѓачот влегол околу 15 часот во болницата во Изола и пукал. Убил сообраќаен полицаец кој во болницата бил поради увид од сообраќаен прекршок и се симнал од еден од погорните катови кога слушнал истрели, а лекар и уште ден полицаец беа тешко ранети.

Мотивите за нападот засега не се познати. Очевидци велат дека напаѓачот влегол со листа на лекари кои сакал да ги убие. Убиениот лекар, 36-годишниот уролог со мексиканско и словенечко државјанство Луис Гилермо Мартинез Бустаманте, според очевидци случајно се нашол со убиецот, но велат дека тој се распрашувал за него.

Според последните сознанија добиени од очевидци, 70-годишниот Дарко Грегорич од околината на Копер го барал својот уролог Бустаманте. Напаѓачот бил од соседно село и тој и е познат на полицијата затоа што лежел затвор заради вооружен грабеж на пошта. Словенечките власти најавија заострување на безбедносните мерки за полицајците и персоналот во болниците.

Слично

Поврзани вести