Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Измир повредени над 600 луѓе, Заев изрази сочувство

Во Измир повредени над 600 луѓе, Заев изрази сочувство

Бројката на повредени во земјотресот во Измир се искачи на 607, a спасувачките служби не застануваат. 

Во локалната болница на островот Самос во Грција помош побараа уште 8 лица со полесни повреди.

Гувернерот на Измир, Јавуз Селим Косгер, изјави дека најмалку 70 лица се спасени од под урнатините. Тој рече дека десет згради се срушиле и дека другите се оштетени.

Во спасувачката операција се ангажирани 38 амбуланти, два хеликоптери и 35 медицински спасувачки екипи. Турските власти и медиумите ги повикаа луѓето да не излегуваат на улица.

Премиерот Зоран Заев вечерва преку Твитер изрази сочувство до Турција поради силниот земјотрес.  Тој спомна дека сликите се вознемирувачки и во име на граѓаните посака брзо закрпнување од последиците. 

Потресот беше со јачина од скоро 7 степени. 

Слично

Поврзани вести