Во Истанбул се трага по екстремисти
Турските безбедносни сили спроведуваат „прочистителна“ операција во Истанбул против членови на екстремистичките организации.
Операција се врши особено во соседството Газиосманпаша, тврди телевизија „CNN Turk“.
Таму е влезена колона од полицајци и жандармерија со борбена техника. Над градот кружат хеликоптери. Операцијата е насочена против радикалното крило на Партијата за народното ослободување, во кого властите се сомневаат за извршувањето на голем број терористички напади.
Во текот на сличните операции во последните недели во 39 провинции на земјата беа уапсени над 1 300 членови на Курдската работничка партија (ПКК) и групата „Исламска држава“. Меѓу нив се и десетици странци.
Слично
