Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Идомени мигранти ги нападнале граничните полицајци

Во Идомени мигранти ги  нападнале граничните полицајци

Стотина мигранти синоќа ги  нападнале граничните полицајци во кампот Идомени на македонско-грчката граница.

Тие  турнале  железнички вагон, со кој сакале да ја пробијат оградата преку границата кон Македонија, пишува грчкото издание Greek Reporter. Мигрантите се разбиени од полицајците со солзавец. Тоа ги натерало бегалците да започнат да фрлаат камења врз полицијата. Запалени се и неколку шатори во немирите. Има повредени мигранти, а според зборовите на волонтерите во Идомени, инцидентот е сериозен.

Во Идомени со месеци престојуваат над 11 000 мигранти, кои продолжуваат да чекаат отворање на границата.

Слично

Поврзани вести