Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во иднина помалку кафе и повисоки цени

Во иднина помалку кафе и повисоки цени

Во иднина ќе се намали производството на кафе во светот. 

Климатските промени негативно ќе влијаат на индустријата за производство на овој напиток. Големите суши и обилни дождови ќе доведат до тоа површините со кафе да се намалат за 50%,  а цените да се зголемат.

До 2050 година плантажите со кафе ќе се преполоват. Со тоа ќе бидат погодени 120 милиони луѓе кои живеат од индустријата со кафе, а се работи за едни од најсиромашните држави. 

Климатските промени веќе влијаат на производството во Мексико, Гватемала и Никарагва, земји во кои производството на кафе е една од клучните економски гранки. Индустријата на кафе чини 19 милијарди долари. Повеќе од 2,25 милијарди кафиња се пијат дневно во светот, а производството тројно се зголеми во послениот половина век.

За проблемот со производството на кафе се алармира последниве години. 


Слично

Поврзани вести