Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во хрватските шуми се плаќа за излет, па дури и за возење велосипед!

Во хрватските шуми се плаќа за излет, па дури и за возење велосипед!
Хрватски шуми објавија ценовник според кој во иднина ќе се наплаќа користењето на сите површини кои се наоѓаат под нивна управа. Ќе се наплаќаат излетите, па дури и користењето на велосипедските патеки во шумските подрачја. Според хрватските медиуми, излет во шума ќе ве чини 20 куни (околу 160 денари) на ден, а семејната тарифа е двојно повисока - 40 куни (околу 350 денари). За користење на велосипедските патеки ќе мора да платите 10 куни (околу 80 денари), додека и за тоа има семејна карта која чини 20 куни. Во ценовникот се наоѓаат цени и за други спортски активности, како што е пеинтбол (250 куни по група - нешто повеќе од 2.000 денари), користење на патеките за полетување за параглајдери (50 куни по лице), ориентационо трчање (250 куни по група), но и дзовола за користење на површините со пропратни содржини за културни настани (1.000 куни на ден). Тарифите не важат само за националните паркови, туку за сите површини со кои управуваат Хрватски шуми. Веќе со години во Хрватска се наплаќа собирањето на печурки, шумски плодови и чаеви.
Слично

Поврзани вести