Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВО ХРВАТСКА ВАКЦИНАЦИЈАТА ПРАКТИЧНО ПРЕСТАНА - слабиот интерес ги загрижува здравствените власти

ВО ХРВАТСКА ВАКЦИНАЦИЈАТА ПРАКТИЧНО ПРЕСТАНА - слабиот интерес ги загрижува здравствените власти

Вакцинацијата на хрватските граѓани е на најниско ниво во последните денови во споредба со средината на февруари, кога кампањата штотуку започна и кога вакцините се уште не беа пристигнати во ветените количини, пишува Индекс.хр.

Со други зборови, вакцинацијата е речиси прекината и не се движи од мртва точка. Околу 0,15 од нив на 100 жители се вакцинирани изминатите денови, што земјават ја става на дното во ЕУ.

Важно е да се знае дека Хрватска е една од најслабо вакцинирани земји во ЕУ. Само Романија и Бугарија се полоши од таа држава. Досега, само 41 отсто од населението примило една доза, а само 38 отсто се целосно вакцинирани. Ова значи дека шансите за достигнување на нивоа на вакцинација во догледна иднина, што може да обезбеди релативно нормален живот, се многу мали. Покрај тоа, бројот на новозаразени и хоспитализирани во последните денови е двојно поголем отколку што беше во исто време минатата година.

Креаторот на најпознатите модели во здравството, Институтот за здравствена метрика и евалуација за Хрватска, не дава најсветли прогнози за есента.

Како прво, неговите проекции покажуваат дека бројот на вакцинирани во Хрватска е во стагнација веќе некое време и дека таквата ситуација може да продолжи доколку хрватските власти не преземат нешто сериозно.

Проекциите за бројот на смртни случаи покажуваат дека новиот бран би можел да го достигне својот врв кон крајот на октомври, кога бројот на смртни случаи повторно би можел да биде околу 30 дневно. Моделот предвидува нешто помалку жртви отколку во најлошиот бран минатиот декември, секако поради вакцинација на стари лица, но проекцијата сеуште не е ни приближно прифатлива.

Извор: Индекс.хр

Слично

Поврзани вести