Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Хрватска собрани потписите за референдум против ковид-сертификатите

Во Хрватска собрани потписите за референдум против ковид-сертификатите

Претседателот на „Мост“, Божо Петров, вчера рече дека нивните две референдумски иницијативи собрале доволен број потписи - 400.000 а денеска треба да ги достави до хрватскиот Сабор. 

„Мост“ собираше потписи за распишување референдум со кој се бара укинување на потврдите за ковид-19 и „штабовите“, односно надлежностите од Штабот за мерки за заразни болести да се префрлат во Собранието, кое со двотретинско мнозинство ќе одлучува за мерките. 

- Мило ми е што можам да кажам дека успеавме, двете референдумски иницијативи добија доволен број потписи и повеќе од тоа - рече Божо Петров и додаде дека потписите ќе ги достави до Собранието денеска.

Слично

Поврзани вести