Во Хрватска се спасени 30 луѓе од под урнатините
Спасени се 30 луѓе од под урнатините во Хрватска.
Противпожарни екипи извлекоа 30 луѓе од под урнатините по силниот земјотрес со јачина од 6,2 степени кој пред пет дена ја погоди Хрватска. Во спасувачката акција повредени се тројца пожарникари. Во извлекувањето учествуваат повеќе од 800 пожарникари од целата земја, 220 противпожарни возила и 11 кучиња трагачи. Во округот Сисак-Мославина се оштетени повеќе од 2.000 згради. Во земјотресот загинаа седум луѓе. Земјотресите не запреа и денеска во Хрватска.
Земјотрес со јачина од 4 степени e регистриран во Хрватска со епицентар во Сисак.
Слично
